Речете не се држава: Во Косово уапсени над 3200 лица поради корупција, 301 од нив јавни службеници
Косовскиот премиер Албин Курти соопшти дека Владата на Косово во изминатата година ја продолжила борбата против корупцијата.
Курти во објава на Фејсбук наведе податоци од косовските институции за апсења, борба против корупцијата, заплена на наркотични дроги…
„Извршени се 854 полициски акции против организиран криминал и шверц. Уапсени се 3.202 лица, од кои 301 се јавни службеници. Затворивме 16 нелегални патишта на северот од државата. Уништивме 69 криминални групи. Повеќе од 1,8 тони опојни материи беа запленети. Уништивме пет лаборатории за дрога на северот на Косово, вредни стотици милиони евра, супстанции и опрема, како и три лаборатории за производство на криптовалути, исто така на север“, рече Курти.
Тој додаде дека повеќе од 14 милиони евра се замрзнати поради сомнение за злоупотреба и перење пари.
„Запленети се повеќе од 300.000 литри гориво што не е во согласност со подзаконските прописи. Изградивме четири објекти и полициски станици на северот на Косово, а ја проширивме оптичката мрежа во тој дел од нашата земја, овозможувајќи проширување на интернетот и радио комуникациите. Формиравме Единица за брза интервенција на граница, во рамките на косовската полиција, која се занимава со борба против шверц, трговија со луѓе и други злоупотреби долж граничната линија“, напиша Курти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жител на шарпланинско село во Косово е…
Полицијата на Косово соопшти детали за апсењето…
(Видео) Хаос во косовското Собрание: Пратеничка фрлаше…
Конститутивната седница на Собранието на Косово денес…
Косовски државјанин „летал“ со 220 км/ч на…
Косовски државјанин е лишен од слобода откако…
Поранешен полицаец во Косово осуден на 10…
Основниот суд во Приштина денес осуди поранешен…
Мицкоски: Ги повикувам сите граѓани кои им…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во интервју…