Објавено на:

Речиси половина од Украинците се спремни да се борат за Украина против Русија

t

Речиси половина од Украинците на возраст од 18 до 55 години се подготвени директно да учествуваат во борбата против руската агресија, покажа истражувањето на Норвешкиот институт, кој оценува дека мотивацијата е неверојатно висока.

Околу 70 отсто од мажите и околу 30 отсто од анкетираните жени изјавиле дека се подготвени да се борат, покажа анкетата објавена од Институтот за мировни истражувања во Осло со помош на локалната агенција за истражување на јавното мислење „Info Sapiens”.

Агенцијата анкетираше повеќе од 1.000 Украинци на возраст за мобилизација, со задача да изработат репрезентативен примерок, и покрај тешкотиите за спроведување на анкетата поради војната.

Испитаниците, мажи и жени во ист сооднос, анкетирани во третата недела од конфликтот (од 9 до 12 март) одговарале на интернет за тоа како би учествувале во војната, избирајќи меѓу четири форми на отпор.

За „помош во отпорот со директно учество на отворен терен против руските и проруските сили”, 49 отсто од испитаниците рекле дека изборот би бил „многу веројатен, умерено веројатен или сосема веројатен”, се наведува во анкетата.

За „помош во отпорот со директно учество во борбите во рововите на украинските сили”, сите одговори кои сугерираат учество сочинуваат речиси 47 проценти.

Три четвртини (75 проценти) од испитаниците се подготвени да им се придружат на доброволците „за да им помогнат на воените жртви, како што се ранетите цивили и војниците”, а 80 проценти да „помогнат на отпорот обезбедувајќи невоена поддршка на украинските сили (во храна, информации, муниција…)”, наведуваат од Институтот.

„Мотивацијата на украинскиот народ да се бори против напаѓачите е неверојатна”, објави Норвешкиот институт во анализата на анкетата што вчера беше објавена.

По еден месец конфликт, отпорот на Украинците изненади многу воени аналитичари и се чини дека руската офанзива сега во голема мера е запрена.

-Одлучноста со која Украинците одат во војна ќе расте пропорционално со теророт на кој се изложени, изјави коавторот на студијата Хенрикас Бартушевичиус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американски војник уапсен во Британија под сомнение…

Високопозициониран американски војник е уапсен во Британија…

Преговорите меѓу Украина и Русија продолжуваат во…

Трилатералните преговори меѓу Русија, САД и Украина…

Украина и Русија покажале „мала флексибилност“ за…

Украина и Русија во неформални разговори покажале…

ЕУ ќе воспостави присуство на својата воена…

Советот на Европската Унија одлучи да воспостави…

Мерц се закани со блокада на буџетот…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се заканил дека…