Речиси се е поскапено: Ако семејството живее под кирија потребни се 78.627 денари месечно!
Синдикалната минимална кошница за јануари потешка од декемвриската и покрај „новогодишната акција“ и намалувањето на цените на над илјада продукти, соопштија од Сојузот на Синдикати на Македонија.
Пресметките на синдикатот покажуваат дека во јануари минимумот за едно четиричлено семејство да го преживее месецот е 63.252 денари односно за 391 денар поскапо од декември минатата година.
Сите 63 продукти од синдикалната минимална кошничка беа опфатени со новогодишната акција и беа на попуст.
Ова значи дека доколку четиричленото семејство има примања од две минимални плати, ќе им недостасуваат над 18 илјади денари за да врзат крај со крај во текот не месецот.
Доколку семејството живее под кирија трошоците се качуваат на 78.627 денари месечно.
Анализите на Синдикатот покажуваат дека доколку се спореди јануари годинава со јануари минатата година бројките се далеку повисоки и пораснале за 10 проценти па така синдикалната кошница пораснала за 6.089 денари, а само трошоците за живот во делот на храна и пијалаци за една година скокнале за 2.191 денар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…