Речиси сите обвинети за „Пулс“ наскоро на слобода: родителите бараат правда

t

Дејан Јованов – Деко, сопственикот на дискотеката „Пулс“ во Кочани, на почетокот на октомври треба да излезе од затворски притвор поради истекување на максималниот законски рок за траење на мерката. Со тоа, речиси сите обвинети во главниот судски процес за трагедијата ќе се бранат од слобода или со поблаги мерки за обезбедување присуство.

Јованов е единствениот од обвинетите во главниот предмет кој сè уште се наоѓа во затворски притвор. Според законските одредби, по поднесување и одобрување на обвинението притворот може да трае најмногу една година, а овој рок во неговиот случај истекува на почетокот на октомври.

Истекувањето на притворот не значи запирање на судската постапка, ниту ослободување од обвинението. Судот може да определи други мерки за обезбедување присуство, како домашен притвор, одземање патна исправа или обврска за редовно јавување.

Информацијата предизвика силни реакции кај семејствата на загинатите во пожарот. Родителите стравуваат дека долготрајната постапка и ослободувањето на обвинетите од притвор дополнително ќе ја намалат довербата во институциите.

„Нашите деца немаат рок, правдата не смее да истече“, порачаа родители на загинатите, барајќи побрза и ефикасна судска постапка и одговорност за сите што со своите постапки или пропусти придонеле за трагедијата.

Судењето за пожарот во „Пулс“ започна во ноември минатата година. Во главниот предмет се опфатени 35 физички и три правни лица, кои се изјаснија дека не се виновни. Паралелно се водат и други постапки поврзани со работата на дискотеката и постапувањето на надлежните институции.

Во пожарот што избувна на 16 март 2025 година во дискотеката „Пулс“ загинаа 63 лица, а повеќе од 190 беа повредени. Трагедијата отвори сериозни прашања за начинот на кој објектот работел, издавањето дозволи, контролите и одговорноста на надлежните институции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меѓународниот кривичен суд во Хаг за санкциите…

Воведувањето санкции против Меѓународниот кривичен суд како…

Дронови и мистериозни балони на небото над…

Москва наводно била цел на напади со…

Дипломатски судир меѓу САД и Европа: Вашингтон…

Соединетите Американски Држави воведоа нови санкции против…

Финансиски аларм во Америка: Приносите на државните…

Американскиот пазар на државни обврзници испраќа сериозни…