Речиси 93 милиони жители на ЕУ лани биле изложени на сиромаштија или социјална исклученост

t

Во Европската Унија (ЕУ) во 2025 година 92,7 милиони луѓе биле изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост, покажува новата публикација на Евростат.

Според анализата, 20,9 отсто од населението на ЕУ биле изложени биле на ваков социјален ризик, што е за 0,5 милиони луѓе помалку во споредба со 2024 година.

„Вкупно 72,4 милиони луѓе во ЕУ биле изложени на ризик од сиромаштија во 2025 година. Од нив, 5,7 милиони се соочувале со сите три ситуации истовремено: односно биле изложени на ризик од сиромаштија, се соочувале со сериозна материјална и социјална исклученост и живееле во домаќинство со многу низок интензитет на работа“, стои во документот, каде се претставени разни податоци за условите за живот во ЕУ, со посебно внимание на најранливите групи.

Меѓу земјите на ЕУ, најголеми разлики во приходите се забележани во Бугарија (37,7%), Латвија (35,6%) и Литванија (35,5%). Приходите биле најрамномерно распределени во Словачка, Белгија, Чешка, Словенија и Полска.

Публикацијата нотира дека осум отсто од жителите на ЕУ помлади од 65 години живееле во домаќинства со многу низок интензитет на работа. Тоа се домаќинства во кои работоспособните членови работеле само мал дел од времето што потенцијално можеле да го поминат на работа.

Во ЕУ во целина, стапката на луѓе на ризик на сиромаштија или социјална исклученост била највисока кај децата (24,3%), а најниска кај лицата на возраст од 65 години или постари (18,8%).

Евростат посочува и дека во сите земји членки на Унијата луѓето со атипичен развој биле поизложени на сиромаштија во споредба со типичните луѓе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: ДПМНЕ пропагира многудетни семејства, а секое…

Додека партиите на власт пропагираат многудетни семејства…

СДСМ: Македонија е шеста најсиромашна земја во…

Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа,…

Секој петти жител на Македонија е сиромашен,…

Секое петто лице во Македонија е сиромашно,…

Секој петти граѓанин е сиромашен!

Во 2024 година, стапката на сиромашни лица…

УНИЦЕФ: Повеќе од 400 милиони деца ширум…

Извештајот „Состојбата на децата во светот 2025:…