Решени да ја освојуваат светската сцена: Гламурозна изведба на Софија и Ангела во Рим
Во срцето на Рим, местото Чиостро де Кампители, одекнаа звуците на хармоника и пијано во изведба на талентираната хармоникашка од Прилеп, Софија Мирческа од класата на професор Зорица Каракутовска и нејзината колешка Ангела Николовска од класата на професорката Катерина Гелебешева-Костадиновска. Тие настапија на Концерти на музичкиот храм на народите (Concerti del Tempietto – Musicale de la Nations).

,,Фантастичен, гламурозен концерт во вечниот град Рим во Италија заедно со мојата драга колешка Ангела Николовска-пијано. Голема благодарност до мојата најголема поддршка, мојата менторка проф. Зорица Каракутовска виновникот за да го остварам мојот сон да настапам во гламурозниот град Рим.

Упатувам благодарност и до претставниците на македонската амбасада во Рим и македонската амбасадорка во Ватикан Марија Ефремова. Посебна чест и задоволство ни беше што го изведовме делото “РМ-ПА-ПА на нашата светска композиторка Бете Илин. Посебна благодарност за извонредната композиција. Бете Илин Ви благодариме за успешната соработка и ви посакуваме уште многу вакви спектакуларни светски композиции” , рекоа талентираните Мирческа и Николовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ИСТОРИСКИ ЧЕКОР ЗА ЗДРАВСТВОТО ВО ТЕТОВО,…
Здравството е меѓу главните приоритети на ВЛЕН,…
Канада воведува нови царини за американските производи
Канада од 8 септември ќе воведе царини…
Ангелов: Ја изгубивме контролата над пожарот во…
Центарот за управување со кризи известува дека…
Македонија и Kосово ја зајакнуваат царинската соработка:…
Царинските управи на Македонија и Косово во…
Американски воен транспортен авион слета во Москва,…
Американски воен транспортен авион утрово слетал на…