Реџепи до Алтернатива: Откако ве исфрлија од Влада ви текна на писмото до ЕК

t

Ако немаш срам прави што сакаш, му одговори независниот пратеник и поранешен сопартиец Скендер Реџепи на генералниот секретар на Алтерантива Зеќирие Ибрахими, дека се пазари со премиерот Димитар Ковачевски со писмото кое Владата најави дека ќе го испрати до Европската комисија (ЕК) за меѓународен мониторинг на случаите „Монструм“, „Диво насеље“, „Малиот Алмир“ и „Алфа“. Тој вели дека политички пазар има секогаш кога се прави владина коалиција.

Реџепи ја потврди информацијата на „Слободен печат“ дека писмото кое Владата треба да го испрати до ЕК ќе биде з аевалуација на судските предмети и дека усогласувањето на документот кое е во тек е во писмото да бидат и судски предмети за кои од Македонците се сомневаат дека се политички монтирани. Неофицијално, во документот може да бидат вклучени и предметите „Никола Младенов“ и „Љубе Бошкоски“.

„Писмото ќе се доусогласи. Има можност и случаи за кои беа заинтересирани граѓаните од македонска националност и тие да бидат вклучени во писмото бидејќи сепак, човечките жртви и судбини не бираат национална и верска припадност. Усогласувањето со Владата ќе биде само за тоа. Суштински се е во ред и верувам дека писмото скоро ќе биде испратено до ЕК“, рече Реџепи.

Тој објасни дека меѓународните експерти треба само да направат евалуација на тие предмети, односно да видат дали од обвинението до судската пресуда е прекршен некој акт согласно законите и Уставот.

„Тие нема да носат одлука туку само мислење за секој од случаите одделно дали е правично застапуван, се до судската одлука. Ние сме убедени дека тие случаи се политички монтирани. Ако се докаже спротивното, независното експертско мислење ќе биде прифатено од сите, а верувам и од засегнатите во случаите“, вели Реџепи.

Тој ја обвини Алтернатива дека ѝ текнало за програмските определби откако останале во опозиција.

„Откако им го земаа министерството за здравство и ги исфрлија од Влада, леат крокодилски солзи колку важна била програмската определба, договорот со Владата, односно писмото кое треба да се испрати до ЕК. Алтернатива имаше тројца министри и тројца пратеници и јас бланко им дадов поддршка во секое време да ги условуваат Владата и Собранието – или да се реализира програмската определба или тие да ја напуштат Владата, рече Реџепи.

Тој додаде дека Алтернатива ниту еднаш не го кренала гласот за ниедна точка од програмските определби и договорот со Владата.

„Имаа можност додека беа власт да направат политички пазар. Вистина е дека секогаш при воспоставување на владина коалиција политичкиот пазар е можен. Алтернатива направи политички пазар од денот кога стана дел од мнозинствот, понуди четири пратеници и за возврат доби три министерски места, други ресори и програмски дел кој требаше да биде и владина програма. Жалосно, 13 месеци беа на власт а ниеднаш ни на владина седниц, а ни во Собрание не го кренаа гласот за овие точки“, рече Реџепи.

Тој рече дека до реализација на одредени политички определби ќе продолжи да дејствува како независен пратеник. За натамошното дејствување ќе се консултира со гласачите пред кои веќе даде отчет за својата работа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Алтернативата на членството во ЕУ нема,…

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вели дека…

Велика Британија бара алтернатива за Visa и…

Британската влада го повика банкарскиот сектор да…

„Европски сојуз за промени“ е името на…

„Европски сојуз за промени“ е името на…

БРУКА ОД СООПШТЕНИЕ: Алтернатива, наместо да бара…

И ова го дочекавме... Алтернатива во траги-комично…

Ова е “независна држава”: Алтернатива бара судството…

Од политичката партија Алтернатива денеска побараа судството…