РИБОЛОВЕЦ НАМЕСТО РИБА УЛОВИЛ НОГА! Германската полиција започна истрага за убиство по пронајдениот екстремитет во вештачко езеро
Еден рибар од Германија неодамна доживеа шок кога фатил човечка нога во вештачко езеро. Полицијата во покраината Баден-Виртемберг сега има полни раце работа бидејќи истражителите треба да откријат кому му припаѓаат пронајдените човечки останки, пишува Билд.
Во езерото во близина на Лихтенау во областа Раштат се наоѓа веднаш до Рајна. Таму, во петокот минатата недела, рибар нашол нога на непознат маж со чевел на неа. Ова за медиумите го потврди и полицијата.
Сега големото прашање е како ногата влегла во езерото. Можеби се случило кривично дело. Полицијата се сомнева дека реката Рајна има врска со оваа приказна.
Ногата би можела да му припаѓа на некој што се удавил во Рајна, а можно е моторот на брод да ја откорнал од телото и така да завршила во езерото. Според полицијата, ногата била во вода неколку месеци.
Во моментов ногата е на вештачење во судска медицина. Полицијата анализира актуелни случаи на исчезнати лица. Тоа може да потрае со недели, изјави портпаролот на полицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ален Рустемовски обезбеди медал за Македонија во…
Македонскиот боксер Ален Рустемовски имаше уште еден…
Пренџов: Следниот обвинител на ОЈО ГОКК да…
Љупчо Пренџов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во своето…
Изгореле куќа и помошна просторија во пробиштипското…
Во пожар кој избувнал вчера во селото…
Нема да избегам ако ги изгубам изборите,…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес ги отфрли…
ВЛЕН: ИСТОРИСКИ ЧЕКОР ЗА ЗДРАВСТВОТО ВО ТЕТОВО,…
Здравството е меѓу главните приоритети на ВЛЕН,…