Рим размислува да го ограничи пристапот до Фонтаната ди Треви

t

Рим размислува да го ограничи пристапот до Фонтаната Ди Треви, еден од нејзините најпосетувани споменици, пред очекуваниот пораст на туристи следната година, соопштија градските власти.

Италијанската престолнина се подготвува да биде домаќин на Светата година или Црковниот јубилеј, римокатолички настан кој трае една година, кој се очекува да привлече 32 милиони туристи и аџии во 2025 година.

Според нацрт-предлогот, ќе треба да се резервира едно од однапред одредените времиња за посета на фонтаната, а на ограничен број луѓе ќе им биде дозволен пристап до скалите околу споменикот.

– Размислуваме да го направиме бесплатно за Римјаните, а од оние кои не се жители (на градот) ќе им биде побаран симболичен придонес, едно или две евра – изјави советникот за туризам на Рим Алесандро Онорато за весникот Il Mesaggioro.

Градоначалникот Роберто Гуалтиери во средата ги нарече мерките за ограничување на бројот на туристи „многу конкретна можност“.

– Ситуацијата кај Фонтаната Треви е сè потешка за управување – изјави тој за новинарите.

Други градови се соочија со протести поради проблемите предизвикани од таканаречениот надтуризам, вклучително Барселона и Венеција, каде локалните власти оваа година се обидоа со програма за наплата на посетителите за влез во градот.

Фонтаната ди Треви, во која посетителите традиционално фрлаат паричка за да го гарантираат нивното враќање во Рим и исполнувањето на нивните желби, долго време е главна атракција, дури и за светските лидери кои го посетуваат градот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германски град препорача евакуација поради голем пожар…

Германски град во близина на белгиската граница…

„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на…

Основното јавно обвинителство за организиран криминал и…

ГЕРМАНИЈА ВО СЕПТЕМРИ НА ИЗБОРИ СЕ СООЧУВА…

Етаблираните партии, оние кои сега се власт…

Борот алепо повторно „дежурен виновник“ за пожарите…

Борот алепо повторно е посочен како „главен…

„Би-би-си“ откри скандал во Пакистан: Употребата на…

Болница во Пакистан користела исти шприцови за…