Ристовски: Големите објекти се важни, но најважно е секое дете да има каде да спортува
Министерот за спорт, Борко Ристовски смета дека спортот треба да биде достапен за сите, а не само за оние што имаат можност да тренираат и да се натпреваруваат или да се рекреираат во големите спортски центри.
Тој во интервју за порталот „Контра“ вели дека ако мора да избере, со исти средства би избрал десет помали објекти што секојдневно ќе ги користат децата во различни општини отколку инвестиција во еден голем спортски објект што ќе служи како симбол на градот.
-Големите објекти се важни, но најважно е секое дете да има каде да спортува, порача Ристовски.