Ристовски најавува нови критериуми за ваучер системот во спортот и строги контроли
Новото министерство за спорт ќе го поддржи ваучер системот, но не и начинот по кој истиот функционира сега. Министерот Борко Ристовски најави измена на критериумите со цел средствата што се добиваат преку овој систем да заминат на вистинските места и во интерес на спортот, спортските работници и клубовите. За да се намали просторот за корупција Ристовски најавува и чести строги контроли.
Инспекции и контроли министерот за спорт најавува и во делот спортската инфраструктура што државата ја има дадено под концесија. Доколку се утврди непочитување на договорите истите ќе бидат раскинати.
Ристовски денеска во општина Василево присуствуваше на отварање на ново спортско игралиште. Од таму тој најави дека спортската инфраструктура ќе биде еден од главните приоритети на неговото министерство. Во скоро време требало да биде објавен и планот за изградба на нови но и реконструкција на дел од постоечките сали.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вештачка интелигенција испратила лажна дојава за убиство…
Моделот за вештачка интелигенција Клод на компанијата…
Масакр во Пенсилванија: Деветмина загинаа, меѓу нив…
Во масовно пукање во градот Ири, во…
Москва ја поздрави пораката на Трамп за…
Специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин…
По ракетните напади, Амбасадата со препораки за…
Амбасадата на Македонија во Абу Даби упати…
Папата Лав: Смртната казна е неприфатлива
Папата Лав XIV повторно се изјасни против…