Ристовски: Пандев, Лазаров и Иџе повеќе нема да рекламираат казина или обложувалници
Врвните македонски спортисти кои досега рекламираа казина или обложувалници ставаат крај на ваквата соработка.
Ова на денешната прес-конференција го откри министерот за спорт Борко Ристовски одговарајќи на новинарско прашање.
-Немаме ништо против било која компанија да финансира клуб или федерација. Но, не сакаме истакнатите спортисти како личности да се истакнуваат во реклами за казина, за кладилници и брзи кредити. Нашата замерка е во таа насока, вели Ристовски.
Министерот откри дека веќе имале разговори со сите спортитсти кои ги рекламираат овие компании.
-Направивме еден џентлменски договор дека Горан Пандев повеќе нема да рекламира спортска кладилница, Иџе повеќе нема да рекламира, на Кире Лазаров му заврши договорот со компанијата и нема да го продолжи. Мислам дека многу набрзо овие личности ќе ги видите од другата страна, како промовираат вистински вредности, нагласи Ристовски.
Министерот за спорт на денешната прес-конференција даде отчет за сработеното во изминатите 100 дена и ги најави проектите на кои ќе работат во наредниот период.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ СЕ ОТКАЖУВА ОД ИДЕЈАТА КАНАДА ДА…
Европската Унија се откажала од идејата на…
(Видео) Пронајден и казнет возачот кој возеше…
По објавено видео на социјалната мрежа „ТикТок“,…
Студентите во блокада предупредуваат на можни исценирани…
Студентите во блокада, кои победија на предвремените…
ЕВРОПА ПРЕД НОВА ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА: Цената на…
Цената на природниот гас во Европа денеска,…
Соломоново решение во Израел: Нетанјаху да остане…
Во Израел се отвора можност за голем…