Објавено на:

Ристовски со порака до двајцата кандидати за претседател: Да не се осмелат да чепкаат во Уставот, во македонскиот јазик и во државотворноста на Македонците

t

Ние уште во 2020  говоревме за брза железница, Србија после нас ја имплементираше, таа наша идеја не најде за сходно никој во владава да ја прифати , први говоревме дека може Македонија да прати сателит, после нас Словенија прати сателит, Црна Гора, Албанија, сите пратија освен ние

Претседателот на ИНТЕГРА и носител на листата на Коалицијата Храбро за Македонија во ИЕ2  од Куманово упати порака до двајцата кандидати на претседателските избори во вториот круг.

„Да не се осмелат да чепкааат во државотворноста, во Уставот, во  македонскиот јазик, во позицијата на самобитност и државност на Македонците. Македонскиот народ на удар е уште од 2001 година до денес, на екстремизмите од Софија, екстремизмите на Атина, на удар е на домашните екстремизми. Да внимаваат ако  уште сега планират да си го продадат образот и честа да знаат дека ќе го навлечат гневот на македонскиот народ. Немојте да си играте со трпението и добрината на македонскиот народ. Мојата порака е ако мислите да ја продавате својата чест подобро да не се појавувате во среда.  Ако мислите да го зачувате државотворниот капацитет на македонскиот народ во Уставот тогаш појавете се”, рече тој.

„Ние како Коалиција Храбро за Македонија, од самиот почеток изнесовме јасен, јавен и експлицитен став дека нема чепкање на Уставот на Македонија каде што државотворната позиција на македонскиот народ е одраз на вековната борба за национална слобода и самобитност и своја држава и тоа се црвените линии на секој кој што мисли да се занимава со политика.Со оваа позиција знаеме дека ќе има застој на патот кон Европската унија, но затоа излеговме со изборна инвестициска иницијатива која  прецизира и  гарантира премостување на тој јаз. Македонија е со бројни благодети на своја територија. Ние рековме дека ќе се справиме со галопирачката сиромаштија на многу едноставен начин, ќе го симнеме бремето од овој народ, кој е со разни такси, даноци кои му го празнат неговиот џеб”, рече Ристовски.

Носителот на листата во ИЕ2 на Коалицијата Храбро за Македонија кажа дека народот го довеле да  се бори за опстанок се двете политички структури „кои не отруја со своето незнаење и неспособност”.

„Дали е време да го кренеме нашиот глас и да заокружиме нешто спротивно од нивните идеи? Македонија е на ивица на провалија, 33 години оставија 200 илјади стечајни работи без плата, тие луѓе денеска не можат да го оставарат своето право на пензија, затоа што олигарсите им го украдоа тоа право од џеб”, рече Ристовски и кажа дека како ИНТЕГРА-македонска конзервативна партија  во Коалицијата Храбро за Македонија, имаат извонредна економска платформа со која се мултиплицира новододадената вредност во Македонија. Тој потсети на програмата за нулта стапки на оданочување за високо интелектуален иновациски информациски и високо технолошки  вештини, во слободна високо технолошка зона-ВИТЕЗ. Ристовски кој рече дека оваа економска платформа е иновациска, повтори дека ќе има и негативни стапки на данок за лебот за млекото за маслото за јадење, за пченицата, козјото и кравјо и овчото  млеко и за соногледот како примарни прозиводи и дека тоа се мерки на економски притисок, не се социјални мерки.

„Овие наши еконоски политики се иновативни, пред времето, ние кога говоревме за брза железница, Србија после нас ја имплементираше, таа наша идеја не најде за сходно никој во владава да ја прифати се деока претседателот Вучиќ не ја стави во тесно владата во Македонија за таа да прифати модел на брза железница до 220 километри, нашата проектна идеја е од 2020 година. Ние први говоревме дека може Македонија да прати сателит, после нас Словенија прати сателит, Црна Гора, Албанија, сите пратија освен ние, тоа е неспособноста и на СДСМ и на ВМРО- ДПМНЕ, никој не веруваше дека може да влеземе во програма за сателити, ние први ја изнесовме таа идеја, имавме визија, идеја пред времето и пред Словенија и пред црна Гора и пред Албанија.

Нашите идеи се визија кои ќе донесат препород во Македонија. Нема потреба да коленичиме пред Вашингтон и Брисел, нема потреба друг да не храни, имаме доволно за хранење, 200 илјади хектари имаме обработливо земјоделско земјиште кое не е во функција, зошто да нема секој ден јавен оглас, се додека секоја педа земја не почне да произведува храна? Македонија во моментов увезува една милијарда храна, за 100 милиони увезуваме месо на 590 илјади хектари пасишта во Македонија, нели е тоа срамота? Што правиме ние со ова парче света земја”, посочи Ристовски на митингот во Куманово.

Во среда заокружете број 3, државата мора да биде слуга на народот, ниеден министер не смее да има пари за репрезентација, зошто државата да им плаќа кога 78 посто им се зголемија платите, ќе си плаќаат сами. Ќе го тргнеме и тоа „грне со мед” за високата корупција, тоа се капиталните инвестиции, рече Ристовски и потсети во среда секој да размисли пред да заокружи на кому ќе му ја даде довербата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…