Ристовски: Храбар македонски народе, изберете храбар претседател кој ќе се грижи за нашата татковина

t

Во изминативе 20-тина дена, коалицијата „Храбро за Македонија“ беше гласот на народот, гласот на сите храбри кои знаат да кажат НЕ кога сите притискаат да се каже ДА, порача денеска од Карпош лидерот на ИНТЕГРА, Љупчо Ристовски, кој е и носител на пратеничката листа во ИЕ 2 на коалицијата „Храбро за Македонија“.

Ристовски порача дека Јакимовски е искрен политичар кој со срце и со љубов работи за Македонија и треба да се чува како бисер на дланка.

– Оваа колиција изнесе нови идеи за Македонија, покажавме висок степен на патриотизам за своето, покажавме како треба да се води Македонија, како треба да го кренеме македонскиот народ да биде богат и просперитетен. Ќе изнесеме уште многу идеи за парламентарните избори.

Очекуваме во среда сите ние да го донесеме на политичата сцена во Македонија, да го факторизираме во власта нашиот кандидат за претседател. Да ја изнесеме нашата порака за нашата заедничка татковина Македонија, порача Ристовски кој додаде дека храбрите Македонци Илинденци оставиле аманет кој мораме да го чуваме, каков што аманет оставија и учесниците во антифашистичкиот отпор во Втората светска војна кои се изборија за државотворноста на македонскиот народ.

– Ние сме генерацијата која треба да ја сочува таа државотворност, во среда изберете ја иднината на Македонија која ќе направи од нашите дечиња и внуци горди Македонци кои ќе се гордеат со делата кои ние денес ќе ги оставиме за нив.

Сакам да ви пратам уште една порака за крај, сега е историски момент кога не смееме да направиме грешка, длабоко размислете пред да ја донесеме клучната историска одлука. Ние ќе ја определиме иднината на татковината Македонија, на децата и внуците, ве молам немојте да погрешите ниту на 8 мај, ниту сега на 24 април.

Јас верувам во мојот народ, вие сте храбрите Македонци, од вас извира нашата сила, порача Ристовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ристовски: Гласајте за слобода, за број 3,…

„Во изминативе денови на кампања за парламентарниве…

(Видео) Ристовски од Куманово: Внимавајте на кого…

Коалицијата „Храбро за Македонија“ на ГРОМ, Интегра…

Ристовски: Храбар македонски народе, изберете храбар претседател…

Во изминативе 20-тина дена, коалицијата „Храбро за…

(Видео) Јакимовски: Коалицијата „Храбро за Македонија“ ќе…

Коалицијата „Храбро за Македонија“ ќе се спротивстави…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…