РКЕ и денеска ќе донесе нова одлука за цената на нафтените деривати
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) и денеска ќе донесе нова одлука за цената на нафтените деривати.
– Предусловите се исполнети, изјави портпаролката на РКЕ, Марина Узунов.
РКЕ вчера ја зголеми цената на мазутот за 1,411 денари за килограм, а цените на другите деривати останаа непроменети.
Согласно последната одлука на РКЕ, Мазутот М-1 НС денеска се продава за 51,455 денари за килограм, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 и понатаму остана 98,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 се уште се продава за 101, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 100, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 98,5 денари за литар
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…
Во Хрватска е уапсен е градежен работник…
Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…
360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…
Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…
Сиљановска: Убедени сме дека Македонија има многу…
Билатералните односи меѓу Македонија и Индија да…
Мицкоски за инвестициите во дата центри: Ние…
Се обидуваме да ја развиваме државата, да…