Роберт Кенеди: Ако бидам избран за претседател ќе ставам крај на воената експанзија на САД
Независниот кандидат за американски претседател Роберт Кенеди Помладиот денеска изјави дека ќе ги продолжи напорите на неговиот вујко, поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди и дека ќе стави крај на воената експанзија на Соединетите Држави низ светот доколку биде избран во 2024 година.
„Џон Кенеди беше посветен на мирот. Ако американскиот народ ме избере за свој претседател, ќе го продолжам процесот што го започна мојот вујко пред 60 години – ставајќи крај на американската воена империја. Ќе ја вратам војската во нејзината соодветна функција – да ја брани татковината“, изјави Кенеди.
На годишнината од атентатот на неговиот вујко, тој рече дека е можно да се врати визијата на Џон Кенеди за САД како земја која служи како пример за мир и слобода.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп прогласи вонредна состојба поради безбедносни ризици…
Американскиот претседател Доналд Трамп на 26 август…
НУКЛЕАРЕН ИНЦИДЕНТ ВО САД: Пожар и пријавено…
Пожар избувнал во Националната лабораторија „Савана Ривер“…
„Волстрит џурнал“: САД ги предупредија земјите од…
САД информираа неколку арапски земји од Персиски…
САД потрошиле над 47 милијарди долари за…
Американските вооружени сили потрошиле над 47 милијарди…
Трамп нуди награда од милион долари за…
Американскиот претседател Доналд Трамп нуди награда од…