Објавено на:

Родена во иста година како Кочо Рацин – на 116 години почина најстарата жителка на планетата Земја

t

Најстарата жителка на планета Земја почина на 116 години и 326 дена. Станува збор за Сестрата Ина Канабаро Лукас од јужен Бразил. Лукас беше второ најстаро духовно лице во светот по француската калуѓерка Лусил Рандон, која почина во 2023 година на 118 години.

Според ГРГ на местото на Сестрата Ина Канабаро Лукас доаѓа 115 годишната Англичанката Етел Катерхам која живее во Сари, јужно од Лондон. Според Геронтолошка истражувачка група (ГРГ) и базата на податоци „LongeviQuest“, Лукас ја замени Томико Итока, Јапонка која исто така почина на 116 години.

Конгрегацијата на терезиските сестри од Бразил ја објави нејзината смрт во соопштение, фалејќи го нејзиниот живот исполнет со „посветеност и преданост“. На нејзиниот 110-ти роденден, Лукас доби посебен благослов од папата Франциск, кој почина минатата недела на 88-годишна возраст.

Кога ја прашале Лукас за тајната на нејзината долговечност, таа му ја припишала на Бога: „Тој е тајната на животот. Тој е тајната на сè.“ Калуѓерката била и навивачка на фудбалскиот клуб Спорт Клуб Интернационал во Порто Алегре. Клубот по смртта ѝ оддаде почит во објава на „X“, славејќи го нејзиното „наследство на духовност и сочувство“.

Бразил е дом и на најстариот маж на светот Жоао Марињо Нето од Сеара, кој има 112 години ѝ е потврден од Гинисовата книга на рекорди како најстариот маж на светот.

Далечната 1908 година е позната и по раѓањето на поетот и револуционер Кочо Рацин. На светско ниво годината ја одбележува Младотурска револуција која била голем општествен пресврт во Отоманското Царство. Тогаш била крената револуцијата од Младотурците против апсолутизмот на султанот Абдул Хамид II.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Антисемитизмот во САД во моментов е…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изрази загриженост за…

Нови правила за јавните набавки: Ќе се…

Нови правила за избор на најповолни понуди,…

Како на слава: ЕУ го договорија тимот…

Германија, Франција, Велика Британија, Италија и Полска,…

J.P. Morgan прогнозира: Производството на хуманоидни роботи…

Според американската брокерска куќа J.P. Morgan, производството…

Приведен Албанец на Табановце, одземена приколка на…

При контрола на товарно возило со албански…