Родилката на која ѝ отстранија три органи бара одземање на лиценцата на обвинетите лекари

t

Со исказ на медицинската сестра, која учествувала во лекувањето на родилката Јилдиз Веапоска од Дебар, на која ѝ беа отстранети три органи по породувањето со царски рез во Струшката болница, денес продолжи судскиот процес за родилката од Дебар, која во август 2020-та година при породување остана без три органи.

Медицинската сестра, која денеска даде исказ на барање на одбраната, раскажа за критичниот ден, од утринската визита кај пациентката се до влегувањето во сала за операција.  За Веапоска, исказот на сведокот е само делумно точен.

Веапоска за медиумите рекла дека сакала да си оди за да бара помош во друга болница, бидејќи имала големи болки. Таа денес го повика министерот за здравство да се заложи за случајот и да им ги одземе лиценците на обвинетите лекари.

Адвокатот на Веапоска, Сашо Јанев очекува со исказите на судските вештаци да се расчистат сите дилеми по однос на тоа што се случувало за време на оперативниот зафат и оти многу работи ќе станеле појасни.

Д-р Мухамед Асани е поранешен директор на Струшката болница. Второобвинетиот е негов син, Блертон Асани, како лекар-специјализант по гинекологија, а третообвинета е докторката Лилјана Јованоска.

Според обвининето, тројцата лекари се товарат дека на родилката Веапоска и биле отстранети бубрег, матка и јајник. Како што е појаснето при породувањето со царски рез и ја оштетиле левата бубрежна артерија, но не презеле мерки, туку и давале терапија при што паднала во шокова состојба. Повторно ја оперирале и ја отстраниле матката и левиот јајник иако не биле оштетени. Крварењето не престанало па со втор зафат утврдиле дека е оштетена артерија. Тогаш и бил отстранет и левиот бубрегот и била пренесена на КАРИЛ во Скопје.

Судскиот процес почна во јуни минатата година, но поради отсуство на обвинетите неколку пати беше одлаган.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ