РОДИЛКАТА ПРВПАТ СЕ ЈАВИЛА НА ГИНЕКОЛОГ ВО СЕДМИОТ МЕСЕЦ ОД БРЕМЕНОСТА: Меџити бара вонреден надзор во болницата во Битола

t

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, во врска со случајот на мртвородено бебе во КБ Битола, иницираше ДСЗИ да изврши вонреден инспекциски надзор во одделот за гинекологија и акушерство во Клиничката болница Битола.

Министерството ја информира јавноста дека според информативниот допис од КБ Битола, кој стигна до Министерство за здравство, кај 21-годишната пациентка, бременоста сѐ до 7 месец се одвивала во Германија.

Таа во КБ Битола не дала информации дали била следена од лекар во Германија и не приложила документација од којашто ќе се утврди дека бременоста е контролирана.

Првпат родилката се јавила на матичен гинеколог во 29 недела, на инсистирање на членови на нејзиното семејство, и втор пат во 36-та недела на приватен матичен гинеколог. Истата била препратена во Клиничка болница Битола заради вишок плодова вода при бременост (полихидрамниja – состојба која укажува на компликации кај плодот). Во текот на вчерашниот ден бил извршен царски рез кај пациентката, плодот е роден мртов без срцева акција. Оваa бременост е четврта кај родилката, а и третата бременост завршила со ист исход.

Родилката во моментот е на лекување во Клиничка болница Битола, таа е во општа добра состојба и изјавува дека нема забелешки во врска со породувањето и лекарскиот третман, информираат здравствените власти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватите спречиле влез на пиперки од Македонија…

Нова пратка со зеленчук од Македонија е…

Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…

Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…

40-годишна стружанка претепала старец, па го ограбила

Жена од струшкото село Октиси е пријавена…

Цената на нафтата падна по најавата на…

Цената на меѓународно референтната нафта „брент“ падна…

Денес се празнува Светиот великомаченик Евстатиј Плакида

Голем римски војсководец од времето на царевите…