Родителите на загинатите во „Пулс“: Не сме барале да се откаже новогодишната прослава во Кочани

t

Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“, во име на родителите на трагично загинатите деца во дискотеката „Пулс“, денеска упати јавно соопштение во кое остро ги демантира шпекулациите дека семејствата побарале откажување или намалување на новогодишните активности во Кочани.

Во последните денови во градот се појавија информации дека Новогодишната прослава и празничното украсување ќе бидат сведени на минимум поради, наводно, барања од семејствата на жртвите. Од здружението појаснуваат дека таквите тврдења се „целосно неточни“.

„Никогаш не сме побарале, ниту пак сме сугерирале откажување или ограничување на празничните активности. Не сме поставиле никакво барање поврзано со украсувањето на градот“, стои во соопштението.

Родителите велат дека со разбирање ја поддржуваат секоја иницијатива за достоинствено одбележување на новогодишните и божиќните празници, нагласувајќи дека прославите и украсите секогаш биле во надлежност на Општина Кочани.

„Ваквите недоразбирања ненамерно создаваат дополнителна болка во веќе тежок период“, додаваат од здружението, апелирајќи до јавноста да не подлегнува на дезинформации, а до институциите и јавните чинители – да бидат внимателни при изнесување информации поврзани со трагедијата.

Во завршницата од соопштението, родителите повторуваат дека нивниот фокус останува на „правда, одговорност и поголема безбедност за сите млади, за ваква трагедија никогаш повеќе да не се повтори“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руски воен сателит опасно се приближил до…

Руски воен сателит се приближил на околу…

ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…

Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…

СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…

Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…

(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…

По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…

Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…