Родителите на Коста Кецмановиќ ќе се соочат со правдата овој месец, познато е за што ќе им се суди
Пред Вишиот суд во Белград за 20-ти октомври е закажано прелиминарното рочиште во граѓанската постапка против родителите на момчето-убиец Коста Кецмановиќ, против кои беа поднесени тужби од семејствата на убиените во Основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.
Страшно злосторство во центарот на Белград, да потсетиме, се случи пред точно пет месеци, на 3 мај.
Тужбата против родителите на тринаесетгодишникот кој го сторил делото ја поднеле 27 обвинители, односно родителите, браќата и сестрите на убиените. Тие во нивните тужби бараат надомест на нематеријална штета за душевната болка што ја претрпеле поради смртта на блиска личност, како и за претрпениот страв.
– Судот само ќе одлучи по тужбата и дури по завршувањето на парничната постапка ќе донесе одлука дали целосно или делумно ќе го прифати семејното барање, или евентуално ќе го одбие, објаснува соговорник на српските медиуми.
Да потсетиме, судот претходно им изрече времена мерка на родителите на момчето-убиец, забрана за отуѓување земјиште, станови во станови во Белград, Ниш и Парачин, како и автомобил, а беше издадена и наредба за блокирање средства на банкарски сметки до висината на надоместокот што е утврден во тужбата.
-Родителите на момчето нема да мора да доаѓаат на секое закажано рочиште, туку само на она каде што судот ќе им нареди на сослушување, објаснува соговорникот.
Инаку, таткото на момчето е под истрага на Вишото јавно обвинителство во Белград поради сомнение дека не го обезбедил соодветно оружјето што неговиот син го извадил од станот и го употребил кобниот ден, како и дека го носел детето во стрелиште и го научил да пука.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…
Албанските државјани веќе седум години се најбројната…
Хрватска го проширува системот за рано откривање…
Системот за видео надзор за рано откривање…
Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…
Барнам од Киев: Украина е првата линија…
Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…
Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…
Во рамките на работната посета на Израел,…