Родителите од Кочани: Кој ќе го оправда непостапувањето на Општината и институциите што го зави Кочани во црно?

t

Од 1 октомври одбраната започнува со своите сведоци и вештаци.

Јавно прашуваме: кој од нив ќе докаже дека објектот имал законска пренамена, сопствен паркинг и исполнети минимално-технички услови? Кој ќе докаже дека лиценца за салон за теписи важела за дискотека? И кој ќе го оправда непостапувањето на Општината и институциите што го зави Кочани во црно?

Обвинетите од обезбедувањето не се на обвинителна клупа затоа што по избувнувањето на пожарот спасувале или не спасувале. Тука се поради сомнението дека не ги исполниле обврските пред трагедијата — кога таа требало да се спречи. Херојство откако сè било во пламен не ја брише одговорноста за она што не било направено претходно.

Нека носат сведоци и нека одолжуваат. Но со сведочење нема да направат пренамена, со вештачење нема да создадат паркинг, а со адвокатски говор лиценцата за салон за теписи нема да ја претворат во дозвола за дискотека.

Се обидуваат да го бранат неодбранливото.

Правдата можат да ја одолжуваат. Вистината — не!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…

Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…

Курц: За десет години ќе живееме во…

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц оцени дека…

Денес се празнува Светата маченичка Параскева (Петка)

Родена е во градот Иконија од родители…

Видете какво ќе биде времето денес

Променливо облачно со сончеви периоди. По одделни…

ИРАН СО УЛТИМАТУМ ДО САД: Престанете да…

Иран испрати остра порака до Соединетите Американски…