Родители во Велика Британија поднесоа тужба против „ТикТок“
Четворица британски родители поднесоа тужба против платформата ТикТок во САД поради тврдењата дека мрежата ги избришала податоците на нивните деца, за кои тврдат дека починале во „сомнителни околности“.
Родителите поднесоа тужба тврдејќи дека четири деца починале во 2022 година како резултат на обидот за „предизвикот за онесвестување“, вирален тренд со гушење што кружеше на социјалните мрежи во 2021 година.
Една недела по поднесувањето на тужбата, извршниот директор на ТикТок рече дека податоците се избришани поради „законските барања кога отстрануваме податоци“, а според законот на Велика Британија, на платформите не им е дозволено да чуваат лични податоци подолго од потребното.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…