Родители во Словенија го пријавиле сопственото дете во полиција поради петарди

t

Родители во Словенија кај своето дете пронашле пиротехнички средства кои ги купило без нивно знаење и самите повикале полиција.

Во Словенија употребата на пиротехнички средства е дозволена за физички лица од 26 декември до први јануари, додека продажбата е дозволена од 19 до 31 декември. Но, секоја година пукањето почнува се порано и порано, а особено загрижува што во оваа „забава“ учествуваат млади луѓе, дури и малолетни.

Од ПУ Љубљана за N1 Словенија појаснуваат дека во последниот период не забележале значителни промени во намалувањето или зголемувањето на употребата и продажбата на пиротехнички средства. Пред неколку дена имале случај кога самите родители забележале дека нивното дете има пиротехнички средства.

Ја купил без нивно знаење. Родителите на полицијата ѝ предале речиси 400 парчиња пиротехнички производи. Со своето одговорно однесување дефинитивно му дадоа пример на детето и спречија евентуални повреди, велат од полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црна Гора во пламен: Пожари беснеат во…

Пожари се активни во пет општини во…

Кисела Вода има прилив на првачиња и…

Кисела Вода е општина што има прилив…

Мицкоски: Ширењето паника за водата во Скопје…

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека ширењето информации…

Автобус со 84 српски туристи излетал од…

Автобус со 84 патници, сите државјани на…

Спречен нов масовен обид за илегален влез…

Мароканската полиција уапси најмалку 111 лица кои…