“Родители” Германци си го заборавиле синчето во Хрватска и си го продолжиле патувањето…

Брачна двојка од Германија случајно го оставила својот син тинејџер на паркинг покрај автопатот кај Славонски Брод во Хрватска и си го продолжиле патувањето.
Тинејџерот го заборавил мобилниот телефон во автомобилот во кој биле неговите родители и брат, а нивните броеви не ги знаел на памет, пренесува Дневник.хр.
Од полициската управа Брод – Посавина потврдија дека во саботата во 08:50 часот добиле пријава за тинејџер од Германија (17) кој родителите случајно го заборавиле на паркингот на автопатот А3 кај Славонски Брод и го продолжиле патот без него.
Автомобилот со германски регистарски таблички го управувал 51-годишен татко, додека во возилото спиеле постариот брат и мајката.
Таткото (51) излегол од возилото на паркинг, а потоа се вратил во автомобилот, но не забележал дека излегол и неговиот помал син.
„Полициските службеници за овој случај веднаш ги известиле другите полициски одделенија со цел што поскоро да се лоцира семејството на напуштениот тинејџер. Полицајците му помогнале и го пренеле до станицата каде преку социјалните мрежи стапиле во контакт со неговото семејство“, објави полицијата.
По успешната комуникација меѓу полицајците и таткото, кој сфатил дека во автомобилот не е помалиот син, семејството се вратило да го земе тинејџерот околу 10.50 часот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Подвиг на хрватски лекари – пресадиле пет…
Лекарите од клиничката болница Меркур во Хрватска…
Хрватско МНР до граѓаните: Не патувајте за…
Хрватското Министерство за надворешни работи денеска ги…
На шумски пат во Хрватска, пронајден запален…
Хрватската полиција од Петриња, во соработка со…
Хрватскиот министер за одбрана: НАТО нема да…
По повод безбедносната ситуација во регионот, хрватскиот…
(Видео) Надзорни камери го снимиле моментот кога…
На снимката од надзорните камери се гледа…