Родители одлучуваат да платат казна ама не го вакцинираат детето

t

Плаќаат казна, ама не ги вакцинираат децата. Минатата година во ДСЗИ вакциналните пунктови пријавиле дека 141 дете некомплетно или воопшто не е имунизирано. Родителите се одлучиле да ја платат казната од 300 до 650 евра и тоа половичен износ во рок од 7 дена преку постапка за порамнување, а другите 69 случаи завршиле на суд. Слична е состојбата и во првите два месеци годинава. Од 40 постапки, половината веднаш платиле.

Се повикува родителот во ДСЗИ се со цел да се поразговара со него, можеби и навистина не можел да го вакцинира детето во предвидениот термин,но често родителите се одлучуваат во рок од 7 дена да ја платат казната или одбиваат да го вакцинираат детето, потоа тие постапки завршуваат на суд, изјави д-р Рената Младеновска, директор на ДСЗИ.
Но, од судовите добивме далеку помали бројки за вакви предмети.

Во текот на 2023 година се воделе 7 предмети по конкретниот член, а поведени од Министерството за здравство на РСМ – ДСЗИ. Од нив 4 се завршени со пресуда во која е изречена санкција глоба во износ од 100 евра во денарска противредност плус паушалните трошоци во постапката, а 3 се се уште активни предмети, одговорија од Основниот Кривичен суд.
Од судот информираат дека во последните 5 години биле решени 202 предмети во однос на невакцинацијата. 15 завршиле со пресуда, 7 платиле казна, а 8 лица добиле судска опомена.

Останатите се отфрлени и вратени на ДСЗИ за поведување прекршочна постапка,бидејки според судот не било извршено порамнување.

Што понатаму се случувало со овие барање е надлежност на подносителот кој е должен да им овозможи порамнување пред да поведе прекршочна постапка, велат од Кривичен.
Инаку вакцинацијата во земјава е задолжителна и законска обврска за заштита на населението од заразни болести. Дека законот не се почитува од многу родители говорат и податоците од ИЈЗ. Пред почетокот на епидемијата со голема кашлица само во Скопје повеќе од 15.000 деца ја пропуштиле Ди-Те-пер вакцината.

Вчера министерот за здравство најави законски измени за да се казнуваат оние кои зборуваат против вакцините, но не кажа за какви санкции мисли и кога ќе се спроведе ова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британски „Тајмс“: „Првиот куршум е за тебе“…

Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ наводно размислувал…

Напад со дронови во Црното Море кај…

Бродот што беше нападнат со дронови во…

Сиљановска-Давкова: Монетарната и финансиската стабилност се јавно…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на свеченоста…

Денес се празнува Светиот маченик Лонгин

Божествениот евангелист Матеј опишувајќи го страдањето на…

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди. По…