Роди ме мајко со к’смет и фрли ме во државна агенција: Над 1300 евра плата зема советник во аек, а не е 1 туку се 11
Вреди да се бориш за работа во државните агенции, велат граѓани откако Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) објави оглас за вработување на 11 лица кои ќе имаат плата од 47.000 за работна позиција со средно образование, до 80.000 денари за советник.
Експертите се на став дека не смее да се дозволи драстична разлика на платите за исти позиции во јавниот сектор, и дека се покажало дека со високи плати во регулаторните тела не се намалува корупцијата, а работните места се кројат според партиските потреби и наградување поединци.
Износите на плати од актуелниот оглас не е необичен за оваа Агенција која важи за една од побогатите во земјава, но за разлика од, на пример, Регулаторната комисија за енергетика, овој регулатор не ги објавува платите ниту на раководниот тим, ниту на советниците ни на членовите на комисијата, за кои троши огромна сума пари. Но според она што го покажа последниот оглас, советниците најверојатно немаат плата под 1.300 евра, а платата на раководниот тим е далеку повисока од тоа. Просекот на плата, ако се смета дека среднист има плата од 47.000 денари не е под 1.000 евра.
Во Агенцијата за електронски комуникации, според списокот објавен на интернет страницата, работат 129 лица од кои 11 се советници на директорот.
Агенцијата годинава располага со буџет од 941.070.259 денари (над 15,2 милиони евра). Од нив 556.150.000 денари се планирани приходи, 240.249.66 денари вишоци од минатите години и пари кои треба да се обезбедат од различни извори.
Годинава, според финансискиот план, само за плати и придонеси за редовно вработените АЕК планира да потроши 166.464.000 денари (2,7 милиони евра). Износот за нето плати е 111.853.214 денари. Дополнително се испланирани и пари за договори за дело, персонален данок за членови на комисијата во износ од 1.500.000 денари, за нивните службени патувања во земјата и во странство, но и за договори за дело и друго.
АЕК годинава ќе исплати регрес за годишен одмор за што веќе издвои 4.000.000 денари што е речиси двојно повеќе од лани кога за оваа намена се потрошени 2.700.000 денари. Вработените во оваа Агенција најверојатно ќе земат повисок износ на к-15 од минималниот утврден за годинава од 11.477 денари. Грубата пресметка е дека на секој вработен АЕК, доколку плаќа иста висина на К-15 за сите вработени, на секој ќе му исплати по 500 евра регрес.
Според ребалансот на финансискиот план на Агенцијата, предизвикан од актуелната криза со енергенси се планираат кратења во повеќе ставки, но кај платите не се предвидува никакво намалување. Главно ќе се штеди на реклами, репрезентација (организирани јавни состаноци, организирани состаноци со регулаторни тела, меѓународна регулаторна конференција, и др.), патување и сместување во странство и усовршување на кадарот, но не на прехранбени продукти и пијалаци. Се кратат и средства за опрема, но ќе се поставуваат фотоволтаици, а ќе продолжи да се гради и антенскиот столб кој се гради со години.
Извор: Плус Инфо
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Студентската листа: Блиску сме до договор за…
Студентската листа е блиску до решение за…
Делчево ќе добие современа спортска сала –…
Министерството за спорт продолжува со реализација на…
ЕУ планира данок од 3% за дигиталните…
Европската Унија предлага данок од три проценти…
Мицкоски: Избрана трасата за експресниот пат Кочани…
Почетокот на изградбата на експресниот пат што…
Родителите на загинатите во „Пулс“: Со над…
Семејствата на загинатите во пожарот во кочанската…