Рокас: Македонија припаѓа на европското семејство и сме поблизу до таа цел отколку што мислиме
Северна Македонија припаѓа на европското семејство и сме поблиску до таа цел отколку што мислиме. Сметам дека е потребно малку прагматизам и политичко обединување – изјави евроамбасадорот Михалис Рокас на конференцијата „30 години на европскиот пат: односите С. Македонија – ЕУ и патот напред“, во организација на Дипломатскиот клуб – Скопје и Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.
– Во изминатите 20-25 години надежите и ентузијазмот беа високи, но исто така имаше и неуспеси и разочарувања во текот на годините и прашањето е како можеме да ги надминеме прашањата и да одиме напред бидејќи нема сомневање дека Македонија припаѓа на европското семејство и, всушност, сме многу поблиску отколку што мислиме – рече Рокас.
Според него, она што недостига во овој момент е малку прагматизам, одлучност и желба да има обединување на политичкиот спектар, со цел, како што рече, да го направите последниот одлучувачки чекор напред.
– Но убаво е да се рефлектираме и на историјата бидејќи сметам дека граѓаните понекогаш забораваат дека Европската Унија е постојан, близок партнер и пријател, како и кредибилен и веродостоен партнер во сите аспекти – од моменти на кризи до Охридскиот договор, потоа пржинскиот договор, но исто така и фактот дека економски сме присутни – 75 отсто од извозот од Македонија оди во ЕУ. Исто така, и компнии од ЕУ доаѓаат во земјата и инвестираат, затоа две третини од странските директни инвестиции доаѓаат од земјите членки на ЕУ – нагласи Рокас.
Тој потсети на отворањето на ЕУ програмите како Хоризонт и Еразмус плус, како и други, кои според него, помагаат на граѓаните и кои се враќаат назад во земјата да ги споделат знаењата стекнати во ЕУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Камионџиите од регионот најавуваат блокада на граничните…
Превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Поранешна шпанска министерка: Сеута беше „хибриден напад“…
Масовното влегување на околу 80.000 мигранти од…
Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…
Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…
23 европарламентарци побараа суспензија на пристапните преговори…
Група од околу 20 претставници на Европскиот…