Рокас: Младите во Македонија ја гледаат својата иднина во ЕУ

t

Евроамбасадорот Михалис Рокас, на приемот по повод 9 Мај – Денот на Европа, одржан во Музејот на современа уметност во Скопје, порача дека младите во Македонија јасно ја гледаат својата иднина во Европската Унија. Тој истакна дека во првите девет месеци од престојот во земјата се среќавал со млади кои едногласно посочувале дека сакаат да бидат дел од европското семејство.

Рокас ја потенцираше важноста на солидарноста – како вредност на која се темели ЕУ, потсетувајќи на хуманитарната поддршка по трагичниот пожар во Кочани и земјотресот во Скопје во 1963 година. Посебно беше истакната иницијативата на ДЛУМ за донација на уметнички дела, чија продажба ќе помогне на погодените семејства од Кочани, како и солидарните спортски настани што ќе се одржат на 25 мај во повеќе градови.

Во говорот, Рокас се осврна и на руската агресија врз Украина, посочувајќи дека храброста на украинскиот народ е одбрана на вредностите на цела Европа. Тој ја нагласи важноста од реформите во Македонија и имплементацијата на Планот за раст, кој ќе донесе конкретни придобивки уште пред формалното пристапување во ЕУ.

„Оваа аспирација бара храброст, прагматизам и национално единство“, порача Рокас, поттикнувајќи сите страни да размислуваат смело и визионерски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…

Македонски јазик и култура постојат и тие…

(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…

Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…

Велика Британија во разговори со ЕУ за…

Велика Британија учествува во разговорите во Брисел…

Зеленски: Разговорите со ЕУ за финансирањето на…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…