Рокас: Нема сомнеж дека Македонија припаѓа во ЕУ, но обврските од 2022 година мора да се исполнат

t

Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска порача дека Европската унија има силна определба земјава да го започне преговарачкиот процес за членство, но потенцираше дека преземените обврски за уставните измени од 2022 година остануваат неопходен услов за напредок.

Шефот на делегацијата на ЕУ во земјава се повика на неодамнешните пораки на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, изразувајќи надеж за конструктивност во билатералните односи со соседите во периодот што следува.

„Како што знаете претседателот на Европскиот совет беше овде и тој даде изјава и беше доста јасен. Сите знаеме дека заложбите направени во 2022 година треба да бидат спроведени. Со тоа има голема определба Северна Македонија да го започне процесот на преговори и нема сомнеж дека земјата припаѓа на европското семејство. Работиме доста активно со цел неопходните услови да се исполнат и да одиме напред. Најважно е во меѓувреме да имаме доверба и се надевам дека нашите соседи заедно со Европската унија ќе бидат доста контруктивни во наредните денови и месеци“, изјави Рокас.

Оваа изјава евроамбасадорот ја даде за време на паузата на 23. Конференција на КОСАП во Скопје, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали Брисел има „план Б“ за надминување на блокадата и ветото од источниот сосед.

Рокас стави посебен акцент на пораката за заедништво во регионот, нотирајќи го и Самитот на Западен Балкан во Тиват, како и заедничкото писмо од францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Мерц за поедноставување на пристапниот процес.

„На денешната конференција сите делегати придонесоа со конкретни идеи особено во однос на регионалната соработка за заедничкиот регионален пазар и за тоа како земјите од Западен Балкан и придружните земји најдобро да се подготват во однос на заедничкиот пазар на Европската унија што е доста конкуретен. Истовремено, и како да се заврши процесот (на пристапување)“, рече евроамбасадорот Рокас во изјавата по првата сесија на КОСАП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рокас: Нема сомнеж дека Македонија припаѓа во…

Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска порача дека Европската…

Кос: Црна Гора и Албанија минуваат низ…

Еврокомесарот за проширување, Марта Кос, го пофали…

Вучиќ: Разговарав со Мицотакис за отворање нова…

 Претседателот Александар Вучиќ од Тиват, каде што …

„Алијанса“ од 10 европски земји бара построги…

Десет земји-членки на Европската Унија, кои формираа…

„Што правиме со Македонија, Србија, Црна Гора…“:…

Европската Унија да размислува на големо и…