Рокас: Уставни измени, измени на Кривичниот законик и забрзани реформи се клучни за патот кон ЕУ

t

Амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, на заедничка прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски, денес повика на забрзување на реформите во кои водат кон стандардите на ЕУ.

„Сега е време да се искористи можноста, да се забрзаат реформите и да се спроведат порешително. Во споредба со извештаите од последните години, постигнат е одреден напредок, но сепак е потврдена потребата од поголема посветеност од политичкиот спектар. Нема напредок во однос на реформите во судството и борбата против корупцијата. Ова останува од фундаментално значење што треба да се направи. Ова не се само определби, туку основа за довербата на граѓаните и за европската иднина на државата. Трета година по ред не сме постигнале значаен напредок во оваа област. Сепак, токму тука новата посветеност може да направи сериозна разлика. Во однос на борбата против корупцијата, би сакал да нагласам дека е потребно да се измени Кривичниот законик во Собранието во согласност со препораките“, рече Микалис Рокас.

Тој додаде дека уставните измени за внесување на Бугарите се клучни на патот кон ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…

Македонија направила сè што Европската унија побарала…

ЕУ ги почна преговорите за бесплатен роаминг…

Европската комисија ги започна преговорите со Србија,…

Урсула фон дер Лајен следната недела во…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Платформата 12:05 бара државен план за Македонија…

Воведување една изборна единица и отворени кандидатски…

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…