Романија воведува „притвор“ за непримерните ученици
Концептот „Просторија за притвор“, веќе познат во образовниот систем на САД, официјално се воведува во романските училишта. Според соопштението на Министерството за образование на Романија, секое училиште ќе организира простор за надзор и правила за учениците кои со своето однесување пречат во наставата.
„Наставниците можат, за време на часот, ако одлучат, да ги испратат учениците кои го нарушуваат часот – во друга просторија во училиштето. Во такви случаи, следново е задолжително: Ученикот мора да биде под надзор на друг наставник или лице од помошниот персонал, а родителот мора да биде известен за тоа. Наставникот може да ја донесе оваа одлука само за своето одделение. Секое училиште во својата регулатива ќе го вклучи точниот начин на спроведување на оваа одредба, врз основа на расположливите ресурси“, се наведува во официјалното соопштение на Министерството.
Промената доаѓа со новиот Статут и Правилник за организација и функционирање на единиците за предуниверзитетско образование. Овие два документа ќе стапат во сила почнувајќи од учебната 2024 – 2025 година.
Студентските здруженија претходно протестираа поради воведувањето „притвор“ како казна, тврдејќи дека „со тоа им се нарушува правото на студентите на образование“. Според нив, исто така, на повеќето училишта им недостигаат училници и простор за спроведување на новите мерки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
РОМАНИЈА ГИ ПОДИГНА БОРБЕНИТЕ АВИОНИ Ф-16! Соборени…
Романски воени пилоти собориле две беспилотни летала…
Романскиот претседател повика на посилен надзор на…
Романскиот претседател Никушор Дан изјави дека Црното…
Романија, Бугарија и Турција сакаат нова воена…
Романија ѝ предложила на Бугарија двете држави…
Грчките инвестиции во енергетскиот сектор на Романија…
Говорејќи на третото издание на „Кодексот на…
Тикток-предизвик довел до трагедија во Романија: Момчиња…
Двајца тинејџери загинаа во тешка сообраќајна несреќа…