Романија со 10 милијарди евра ќе го модернизира вооружувањето
Парламентот во Букурешт одобри проект за модернизација на вооружените сили на Романија вреден повеќе од 10 милијарди евра, а програмата предвидува набавка на системи за ПВО, оклопни возила, тенкови Абрамс, самоодни хаубици и оружје за воените авиони Ф-16.
„Романија неодамна ја модернизира својата воздушна одбрана со купување на системот ‘Патриот’ со голем дострел и сега планира да купи 41 ракетен систем за ПВО со краток и многу краток дострел во вредност од 4,2 милијарди долари. Првата фаза започнува оваа година и во текот на следните осум години ќе бидат инвестирани 2,1 милијарда“, пишува порталот Балканска безбедносна мрежа, пренесе Бета.
Значајна инвестиција е планирана за набавка на борбени возила на пешадија, а за овие потреби ќе се потрошат три милијарди евра за 298 возила. Во првата фаза, која ќе трае во наредните девет години, планирано е да се купат 246 возила за 2,5 милијарди евра. /МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДВЕ СОМНИТЕЛНИ ВОЗДУШНИ ЦЕЛИ ПРЕСРЕТНАТИ КАЈ ГРАНИЦАТА…
Две воздушни цели биле забележани во близина…
Министрите за одбрана на Бугарија, Романија и…
Трилатерална средба на министрите за одбрана и…
РОМАНИЈА ГИ ПОДИГНА БОРБЕНИТЕ АВИОНИ Ф-16! Соборени…
Романски воени пилоти собориле две беспилотни летала…
Романскиот претседател повика на посилен надзор на…
Романскиот претседател Никушор Дан изјави дека Црното…
Романија, Бугарија и Турција сакаат нова воена…
Романија ѝ предложила на Бугарија двете држави…