Романија спремна за конфликт во Украина: Планира да прими половина милион бегалци

t

Романија ќе им помогне на Украинците. Земјата е подготвена да прими 500.000 украински бегалци.

Тие ќе помогнат ако се влоши кризата со Русија. Романскиот министер за одбрана Василе Данчу денеска најави дека се подготвени да примат бегалци. Вели дека властите планираат да отворат прифатни центри, особено во големите градови долж заедничката граница, долга околу 650 километри.

„Проценките се во тек. Можеме да примиме повеќе од 500.000 бегалци, тоа е бројка за која сме подготвени“, рече Данчу.

Евентуално бегалците би можеле да изберат да заминат во Полска. Унгарија испраќа војска на границата со Украина долга 137 километри. И Словачка е подготвена за можен бран бегалци.

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа ја призна независноста на Донецк и Луганск во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Воен авион се урна во Русија, загинаа…

Тешка авионска несреќа со воен авион се…

Русија се закани со нуклеарен одговор во…

Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…

Украинскиот град Олешки се соочува со глад…

Украинските сили доставија околу 4 тони храна…

Русија тестираше борбен ласер против беспилотни летала…

Припадници на руските единици за радиолошка, хемиска…

Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…

Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…