Романскиот министер за одбрана поднесе оставка поради скандал со неговата диплома

t

Министерот за одбрана на Романија Јонуц Моштјану денеска објави дека поднесува оставка, јави новинската агенција Аџерпрес.

„Разговарав со претседателот, со премиерот, со претседателот на партијата, со дел од моите колеги во партијата Сојуз за спас на Романија и им благодарам за поддршката и довербата“, напиша Јонуц Моштјану на својот профил на Фејсбук и додаде дека го прави ова од почит кон романската армија и како знак на одговорност.

Вчера, лидерот на најголемата опозициска партија, Алијанса за обединување на Романците (АУР), Горге Симион, побара итна оставка од Моштјану со образложение дека „лажел во официјалните документи на романската држава“ во врска со неговото високо образование, објави телевизијата Диџи 24.

Скандалот изби откако весникот „Либертатеа“ откри дека Моштјану во својата прва официјална биографија навел дека дипломирал на Универзитетот Атенеум – институција во која е наведено дека никогаш не бил студент таму. Ова го натера министерот да признае дека тоа била „грешка“ и да претстави друга диплома добиена во 2015 година. Тој рече дека станува збор за „грешка направена од брзање“.

Моштјану на својот профил на Фејсбук напиша дека „Романија и Европа се под опсада од Русија“, поради што романската национална безбедност мора да се заштити по секоја цена.

„Не сакам дискусиите за моето образование и грешките што ги направив пред многу години да го одвлекуваат вниманието на оние кои сега ја водат земјата од нивната тешка мисија“, посочи Моштјану на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Канада сама се уништува со неконтролираниот…

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп,…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче…

Пензионерите денес имаат конкретени резултати кои што…

Зеленски: Украина е подготвена за прекин на…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска пред…

Путин и Трамп веројатно ќе се видат…

Путин е подготвен да се сретне со…

Клековски: Земаат боледување, а на Инстаграм објавуваат…

Целта на измените на Правилникот за боледување…