Рот дециден: Мора да има уставни измени за да продолжат преговорите со ЕУ
Михаел Рот, пратеник од германскиот Бундестаг и претседател на Комисијата за надворешна политика, денеска од Скопје порача дека ЕУ треба да го засили присуството во Македонија, но и дека уставните измени треба да се случат за да продолжат пристапните преговори со Унијата.
Германскиот пратеник рече дека земјава вложи многу на патот кон ЕУ и токму сега Унијата има обврска да биде поприсутна во Македонија, да биде повидлива, повеќе да се ангажира, да обезбеди перспектива и повеќе работа за младите за да знаат дека вреди.
Изрази надеж дека во македонскиот Парламент ќе можат да се создадат предуслови да се продолжи, како што кажа „ангажирано со пристапните преговори“.
– Знам дека на многумина воопшто не им паѓа лесно кога станува збор за тие уставни промени, но секој треба да си го постави прашањето – не како може јас да и помогнам на мојата партија, туку како може јас да и помогнам и да придонесам за мојата земја, потенцира Рот.
Извор: Фокус
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен, Кошта и Марта Кос…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
Македонија со пониска инфлација од просекот на…
Годишната инфлација во Европската Унија во септември…