Рот: Многу луѓе си заминаа од вашата земја, би бил среќен да се вратат
Многу луѓе ја напуштија вашата земја и би бил среќен кога би се вратиле, изјави германски пратеник и претседател на Комисијата за надворешна политика во Бундестагот, Михаел Рот во ексклузивно интервју за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.
„Мојата порака е сосема јасна: никој не Ви пропишува како да живеете, никој не смее да Ви пропише кој јазик го зборувате, никој не смее да се меша во Вашиот културен идентитет, во прашањата за традицијата на оваа земја. И за тоа се залага ЕУ. И се надевам дека ќе успее да се воспостави нова доверба меѓу луѓето во Бугарија и Северна Македонија, но знам дека голем дел од довербата е изгубен“, рече тој.
Вели дека сепак не смееме да дозволиме и понатаму да се инфицираме од отровот на национализмот и популизмот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…