Објавено на:

Ројтерс: Кина обучувала руски војници за борба против Украина

t

Кина тајно обучила околу 200 руски војници на своја територија, од кои некои подоцна се бореле во Украина, објави Ројтерс во вторник, повикувајќи се на три европски разузнавачки агенции и документи што можела да ги разгледа.

Овие вежби, првенствено фокусирани на употреба на беспилотни летала, произлегуваат од руско-кинескиот договор потпишан на 2 јули 2025 година, според Ројтерс.

Спогодбата предвидува обука на приближно 200 руски војници во кинески објекти, вклучувајќи ги и оние во Пекинг и Нанџинг, во областите на беспилотни летала, електронско војување, воена авијација и оклопна пешадија.

Според Ројтерс, војниците што учествувале биле инструктори со задача да го шират своето знаење во рамките на командниот синџир.

Европската разузнавачка агенција тврди дека идентификувала неколку од нив кои потоа извршиле операции со беспилотни летала во окупираниот Крим и во Запорожјето.

Пекинг, кој се претставува како неутрален посредник, ги отфрли извештаите, велејќи дека одржува „објективен и непристрасен“ став и работи на олеснување на мировните преговори.

Рускиот претседател Владимир Путин е во дводневна посета на Кина каде што ќе разговара со претседателот Си Џинпинг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лавров: Oбвинувањата за вмешаност на РУСИЈА во…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

Влада: Акцијата против осомничениот за поткуп е…

По информацијата дека е уапсен шоферот на…

Како успеал да стане од маса: Лишено…

На 6 септември 2026 година, во 00:30…

Џоко никогаш нема да биде заборавен: Откриена…

Во Струмица вчеравечер беше откриена биста на…

(Видео) Хеликоптер што гаснеше пожар го „избања“…

Додека директорот на Дирекцијата за заштита и…