Рој дронови забележан над белгиска воена база
Петнаесет дронови се забележани како летаат над белгиската воена база Елсенборн, на истокот од провинцијата Лиеж, потврди канцеларијата на белгискиот министер за одбрана Тео Франкен. Дроновите се откриени случајно за време на тестирањето на системот за надзор, а белгиската војска започна истрага.
Околу 1:45 часот наутро во петок, 15 дронови биле забележани над воената база Елсенборн, која се наоѓа неколку километри од германската граница. Базата зафаќа површина од 28 квадратни километри и служи како воен полигон за обука, со обезбедена зона каде се одржуваат вежби за гаѓање.
Како што јави новинар од VRT News, откривањето се случило случајно бидејќи во базата бил тестиран системот за детекција на дронови.
Се претпоставува дека дроновите летале од Белгија кон Германија преку границата. Германската полиција ги забележала во малото градче Дурен, објави VRT News.
Сè уште не е јасно од каде потекнуваат дроновите и кој ги управувал. Белгиската војска ја продолжува истрагата за инцидентот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Северна Кореја претстави сопствен ChatGPT, но политичките…
Северна Кореја претстави сопствен четбот со вештачка…
Санчез ја заврши кампањата со апел: Да…
Шпанскиот премиер во заминување, социјалистот Педро Санчез,…
Унгарците усвоија закон со кој политичарите се…
Унгарскиот парламент усвои закон со цел оддалечување…
(Видео) Не чекаме да нѐ „изненади”, делуваме…
Не чекаме да нѐ „изненади”, делуваме пред…
Зеленски со указ забранува медиумите да известуваат…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша указ со…