РСЕ: „Газпром“ се повлекува од сопственоста на српската нафтена компанија НИС

t

Руската енергетска компанија „Газпром“ практично се повлече од структурата на сопственоста на српската нафтена индустрија (НИС), откако дел од нејзините акции се префрлени на руската компанија „Интелиџенс“, објави Радио Слободна Европа (РСЕ), повикувајќи се на податоци од Белградската берза.

НИС се најде на списокот со американски санкции на почетокот на јануари поради врската со „Гаспром њефт“, која е под западни санкции заради руската инвазија врз Украина.„Газпром“, кој претходно поседуваше околу 11,3 проценти од акциите, ги префрли на „Интелиџенс“, компанија со седиште во Санкт Петербург. Со тоа, уделот на „Газпром њефт“ во НИС се намали на околу 44,9 проценти, додека државата Србија поседува 29,9 проценти.Американските санкции против НИС досега шест пати беа одложувани, а ново барање за одложување е поднесено на 19 септември, истиот ден кога се реализираше трансферот на акциите.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека стравува оти санкциите наскоро ќе стапат во сила. – Се плашам дека нема да има ново одложување и дека ќе се најдеме во исклучително тешка ситуација. Ќе се обидам да направам сè за време на разговорите со американските претставници, рече Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…