РСЕ: ЗАБЕЛЕЖАНО ДВИЖЕЊЕ НА ВОЕН КОНВОЈ НА ЈУГОТ НА СРБИЈА!
Движење на воен конвој на југот на Србија, од правец на Врање кон Ниш, кај местото Предејане, воочи денеска Радио Слободна Европа, откако Вашингтон и Брисел изразија загриженост поради распоредувањето на српски сили долж границата со Косово.
Предејане се наоѓа на 300 километри јужно од Белград и на околу 100 километри од најблискиот граничен премин меѓу Србија и Косово, Мердаре.
Конвојот со возила на Војската на Србија, како што забележа и пренесе репортерот на Радио Слободна Европа, околу пладне се движел од југ кон север.
Српската војска ги распореди своите сили долж границата со Косово по нападот врз косовската полиција на 24 септември во селото Бањска во Звечан. Косово ја обвини Србија за овој напад, а Белград негира поврзаност.
Загриженост поради распоредувањето српски трупи во близина на границата со Косово изразија САД и ЕУ.
Координаторот за стратешки комуникации во Советот за национална безбедност на Соединетите Американски Држави (САД) Џон Кирби вчера рече дека Вашингтон е загрижен за „големото распоредување“ на српски војници долж границата со Косово.
Ден подоцна, шефот на европската дипломатија Жозеп Борел истакна дека ЕУ е многу загрижена поради засилувањето на военото присуство на Србија кон границата и рече дека тоа е „загрижувачко и мора да запре“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шверц на границата меѓу Македонија и Косово:…
Возило без регистарски таблички е запрено во…
Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…
Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…
23 европарламентарци побараа суспензија на пристапните преговори…
Група од околу 20 претставници на Европскиот…
Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 25…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека до…
Неизвесно е дали ректорот на Белградскиот универзитет…
Сè уште е неизвесно дали ректорот на…