„Рубикон“, елитната руска воена единица, прави пресврт на фронтот и војувањето со дроновите
Елитната единица „Рубикон“ на Русија, нова единица специјализирана за електронско војување и лов на оператори на беспилотни летала, драматично го менува балансот на моќ на бојното поле и ја уништува претходната предност на Украина во војувањето со беспилотни летала, објавува „Фајненшл тајмс“.
Украинските пилоти на беспилотни летала, кои речиси две години успеваат да им нанесат големи загуби на руските единици, сега се цел на интензивен надзор и напади. „Рубикон“ ја комбинира својата флота од борбени беспилотни летала, напредни системи за електронско извидување и брза ротација на тимовите за да лоцира и елиминира оператори до 10 километри зад линијата на фронтот.
Дронтот е лесен за замена, но пилот да најдете е тешко
„Дронтот е лесен за замена, но пилот да најдете е тешко“, рече украинскиот пилот Дмитро, кој опиша како за малку избегнал смрт кога руски дрон почнал да го следи над шума во близина на бојното поле.
Појавата на единицата Рубикон предизвика застрашувачки пресврт на дигиталното бојно поле, уништувајќи една од најголемите тактички предности на Киев. Неговиот успех дополнително ја оптоварува украинската војска, која веќе е во дефанзива против поголемите и подобро финансирани Руси.
Рубикон е „нашиот главен проблем“, рече Артем Карјакин, украински војник во близина на Покровск во Донецката област, клучен град на фронтовската линија кој се чини дека е на работ на колапс по една година борби.
„Доколку Русите немаа толку способни оператори на беспилотни летала, нивната пешадија немаше да може да влезе во градот“, рече Карјакин. Многу е опасно да се биде оператор на беспилотни летала во моментов – додаде тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелските медиуми со различни резултати од излезните…
Партијата Ликуд на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху…
ВМРО-ДПМНЕ: Очигледно вечерва на смена е Фрчковски,…
Очигледно вечерва во СДС на смена е…
Лидерот на главната опозициска партија во Албанија…
Лидерот на главната опозициска партија во Албанија…
Песков: Путин и Трамп не разговарале за…
Претседателите на Русија и на Соединетите Американски…
Нетанјаху предупреди дека „му ја крадат победата“:…
На денот на парламентарните избори, израелскиот премиер…