Рубио: Иран никогаш досега не се соочил со претседател како Трамп
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека Иран никогаш досега не се соочил со американски претседател како Доналд Трамп, оценувајќи дека актуелниот шеф на Белата куќа презема конкретни чекори кон Техеран.
„Мислам дека иранскиот режим никогаш не се соочил со претседател како Трамп, со некој што навистина презема конкретни чекори“, изјави Рубио во интервју за „Фокс њуз“.
Тој додаде дека Иран со години бил навикнат меѓународната заедница да ги толерира неговите, како што рече, лаги, прекршувања на договорите и измами.
Осврнувајќи се на војната во Украина, Рубио најави нови дипломатски напори за обновување на разговорите меѓу Москва и Киев.
„Во следните неколку недели ќе видите иницијатива повторно да ги покренеме разговорите меѓу двете страни и да ставиме крај на оваа војна“, рече тој, додавајќи дека и двете страни имаат цврсти црвени линии кои засега го отежнуваат постигнувањето договор.
Во однос на Кина, Рубио предупреди дека секој конфликт меѓу Вашингтон и Пекинг, без разлика дали економски или воен, би имал катастрофални последици за двете земји и за целиот свет.
„Мора да управуваме со тие односи, но не можеме да се повлечеме и да ги жртвуваме сопствените национални интереси“, истакна американскиот државен секретар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран напаѓа американски бази во четири земји…
Иран ги прошири своите одмазднички напади врз…
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
Во судницата во Идризово при Основниот кривичен…
Берзите се тресат- нафтата над 95 долари,…
Светските финансиски пазари повторно се најдоа под…
Кривично ќе се гони скопјанецот кој му…
Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична…
Најмалку две лица повредени во експлозија на…
Полициска операција е во тек на главната…