Рубио: „На Русија и истекува времето“
Американскиот државен секретар Марко Рубио објави дека оваа недела се сретнал со пратеникот на рускиот претседател Владимир Путин на кого му испратил порака дека „на Русија и истекува времето“, пишува „Си-Ен-Ен“. Во петокот тој објави нови детали од преговорите за ставање крај на војната во Украина.
„Тоа време доаѓа и тоа е прилично кратко. Соединетите Американски Држави сакаат да видат конкретни чекори и во одреден момент ќе биде јасно дали Русија сака мир или не. Ова не е закана, туку начин на размислување на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп“, рече Рубио.
Претседателот на Украина Володимир Зеленски и некои европски лидери веруваат дека Русија намерно ги одложува преговорите. Претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, смета дека Владимир Путин навистина сака да постигне мировен договор.
„Се разбира, Русија сака мир. Со услови кои им одговараат. Според условите на Москва“, рече висок претставник на НАТО на маргините на состаноците во Брисел на кои присуствуваше и Рубио.
Рубио во два наврати беше во Саудиска Арабија на преговори со руската и украинската делегација за крајот на војната во Украина. Досега е постигнат привремен прекин на огнот, пред се во Црното Море и договорено е да не се напаѓа енергетската инфраструктура.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хаос во авиосообраќајот: Прекини на радарите и…
Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) во…
Прекини во комуникациите ги погодија полицијата, аеродромите…
Голем глобален дефект во системите на „Мајкрософт“…
Прекин на метеоролошкиот радарски портал низ САД,…
Американската Национална метеоролошка служба (NWS) соопшти дека…
Сите авиони приземјени: ФАА ги запре полетувањата…
Американската Федерална управа за авијација (ФАА) во…
Големо признание за Тамара Котевска – гран…
Македонската режисерка Тамара Котевска освои уште едно…