Рубио остро ги осуди нападите врз Саудиска Арабија: „Ова мора веднаш да престане“
Американскиот државен секретар Марко Рубио остро ги осуди најновите напади врз Саудиска Арабија, откако во нападите загинал и американски државјанин.
Во објава на социјалната мрежа Икс, Рубио оцени дека нападите претставуваат очигледно непочитување на животите на невините цивили и порача дека насилството мора веднаш да престане.
„Овие срамни напади покажуваат очигледно непочитување на животите на невините цивили. Тие мора веднаш да престанат“, напиша Рубио, пренесува Ројтерс.
Претходно, саудиските власти соопштија дека во нападот врз меѓународниот аеродром „Крал Халид“ во Ријад загинале најмалку 12 лица, а 309 биле повредени. За нападот ги обвинија јеменските бунтовници Хути.
Според официјални претставници, станува збор за еден од најсмртоносните напади во некоја од арапските земји од Персискиот Залив од почетокот на американско-израелската војна против Иран во февруари. објави Скопје1.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рубио остро ги осуди нападите врз Саудиска…
Американскиот државен секретар Марко Рубио остро ги…
ВМРО-ДПМНЕ: Идеалите на борците од 11 Октомври…
ВМРО-ДПМНЕ упати честитка по повод 11 Октомври…
Маск го поддржа Трамп во критиките кон…
Американскиот милијардер Илон Маск се приклучи кон…
Полските власти добиле информации за можен напад…
Полските власти добиле информации за можен напад…
Од утре под лупа на „Безбеден град“…
Системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ од…