Рубио: Сакаме напредок во ситуацијата со Украина
САД не сакаат да учествуваат во бесконечни преговори за решавање на украинскиот конфликт, туку сакаат да се постигне напредок во следните неколку дена, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио.
„Не сакаме да бидеме вклучени во процес кој е само бескрајни преговори. Ни треба напредок, движење напред. Ако во следните неколку дена добиеме документ подготвен од двете страни што покажува дека двете страни прават отстапки и имаат реалистичен и рационален пристап, тогаш мислам дека позитивно ќе гледаме на продолжувањето на учеството (во постигнувањето договор). Но, ако видиме нешто непродуктивно, тогаш ќе ја оцениме таа ситуација поинаку“, рече Рубио во интервју за CBS News.
Државниот секретар додаде дека во светот се случуваат многу други настани на кои САД исто така треба да обрнат внимание.
„И претходно реков дека нема да летаме низ светот обидувајќи се да закажуваме состаноци. Одговараме на состаноци што веќе се закажани. И секогаш сме велеле дека сакаме да направиме сè што е потребно за да ги доведеме (Русија и Украина на иста преговарачка маса) доколку се појави таква можност“, рече Рубио.
„Тие се сретнаа во Турција. Се согласија да разменат документи со предлози за прекин на огнот. Доколку содржината на тие документи е реална и рационална, тогаш ќе сметаме дека сме постигнале напредок“, нагласи тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…
Соборен украински МиГ-29, загина пилотот
Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…
САД им се заканија на Германија и…
Владата на САД ги предупреди Германија и…