Рубио: Украина мора да ѝ отстапи територија на Русија за крај на војната
Украина мора да ѝ отстапи територија на Русија како дел од каков било договор за ставање крај на војната, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио, објавија дел од медиумите.
„Мислам дека двете страни треба да се согласат дека нема воено решение за оваа ситуација“, им рече Рубио на новинарите додека леташе за Саудиска Арабија на клучните разговори со украинските претставници.
„Русите не можат да ја освојат цела Украина и очигледно ќе биде многу тешко за Украина во кој било разумен временски период некако да ги принуди Русите да се вратат таму каде што беа во 2014 година“.
Рубио претходно изјави дека забраната на САД за испраќање оружје и разузнавачки информации во Украина може да биде укината утре доколку саудискиот состанок помине добро.
Тој, исто така, додаде дека Белата куќа прво треба да открие какви отстапки би бил подготвен да направи Киев пред да ја рестартира воената помош, додавајќи дека Украина мора да биде „подготвена да прави тешки работи, исто како што ќе направат Русите“.
„Мислам дека идејата за пауза во помошта, генерално, е нешто што се надевам дека ќе го решиме. „Очигледно е дека она што ќе се случи утре ќе биде клучот за тоа“, им рече тој на новинарите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…
Европските држави ќе одржат воена вежба за…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Трамп ги замрзна санкциите кон Русија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
Руските власти го уапсија главниот уредник на…
Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…