Рудник „Саса“: Се соочувавме со финансиски загуби и зголемени трошоци – 33 вработени си заминуваат спогодбено со поволен финансиски пакет!
Рудникот „Саса“ денес одговори на прашањата на Инфомакс во врска со спогодбеното намалување на бројот на вработени за кое пишувавме во текот на вчерашниот ден.
Во продолжение соопштението на Рудник „Саса“:
Рудник САСА, дел од меѓународната рударска компанија Central Asia Metals (CAML) со седиште во Лондон, Велика Британија, започна со реализација на планот „Подготвени за иднината“ – неопходен чекор за повторно воспоставување на профитабилноста и обезбедување долгорочна стабилност на рудникот.
Во изминатиот период, Рудник САСА се соочуваше со комбинација од зголемени трошоци, сложени геолошки услови и намалени нивоа на производство, што резултираше со финансиски загуби. Внатрешните и надворешните анализи потврдуваат дека, во периодот од 2019 до 2025 година, бројот на вработени во САСА е зголемен за 11%, додека производството на руда е намалено за 7%, а производството на метален концентрат за 14%. Овие показатели ја потврдуваат потребата од подобра усогласеност на организациската структура со реалните производствени и пазарни услови.
„Планот ‘Подготвени за иднината е тешка, но неопходна иницијатива со која сакаме да го вратиме рудникот САСА во профитабилна состојба на краток рок и да ја обезбедиме неговата стабилност и одржливост на долг рок, со што се штити и иднината на нашата работна сила. Преку зголемување на ефикасноста и подобрување на процесите, можеме да ја зајакнеме продуктивноста и да ја обезбедиме иднината на рудникот. Останатите алтернативи би имале далеку посериозни последици за нашите вработени и за локалната заедница“, изјави Џејмс Караматич, генерален директор на Рудник САСА. Тој додаде дека планот ќе се спроведе одговорно, транспарентно и со целосна почит кон сите вработени. Планот е дел од пошироките напори на CACA и CAML за зајакнување на оперативната и финансиска отпорност на рудникот. Покрај оперативните подобрувања, ова вклучуваше и детална ревизија на сите трошоци во целокупното работење, вклучително и на бројот на вработени.
„На вработените им беше понудена можност за спогодбени договори со, според наше уверување, исклучително поволен финансиски пакет“, истакна Караматич, нагласувајќи дека планот се спроведува во рамки на социјалниот дијалог што во континуитет се одвива со двата синдикати кои се активни во САСА.
Главниот извршен директор на CAML, Гавин Ферар, истакна дека Рудник САСА останува еден од најзначајните економски субјекти во Северна Македонија и посветен партнер на локалната заедница. „Со овој план ја зацврстуваме неговата способност да продолжи да инвестира, да создава вредност и да обезбедува стабилни работни места“, изјави Ферар.
Од влезот на САML во 2017 година, во Рудник САСА се инвестирани над 80 милиони американски долари во модернизација, нови технологии, безбедност, подобрување на условите за работа и развој на човечкиот капитал. Само во последните три и пол години реализирани се капитални проекти во вредност од 47 милиони долари, кои овозможија воведување нови современи рударски методи, продолжување на животниот век на рудникот и значително намалување на еколошкиот отпечаток согласно меѓународните стандарди.
Во периодот 2017-2024 година, САСА има уплатено 95,5 милиони долари даноци и давачки во државниот и локалниот буџет и вложила над 2,4 милиони долари во локалната заедница преку реализација на проекти во областа на образованието, здравството, животната средина, спотот, ранливите социјални групи и локалниот економски развој.
Со спроведувањето на планот „Подготвени за иднината”, САСА поставува стабилна основа за својата следна фаза на развој и трансформација кон модерен, одговорен и одржлив рудник, подготвен за иднината. – стои во соопштението.
Дополнително од рудникот одговорија дека „во САСА не е поделено ниту едно отказно решение. На вкупно 33 вработени им беше понудена можност за доброволни меѓусебни договори, со финансиски пакет кој е повеќекратно поголем од законскиот минимум.“
Велат дека засега не планираат нови отпуштања.
– „Ова не е процес на масовно отпуштање, туку контролиран, структуриран и фер процес на организациска оптимизација кој се спроведува со целосна почит кон луѓето и законските процедури.За вработените на кои се однесува процесот САСА обезбедува исклучително поволен финансиски пакет, кој е повеќекратно над законскиот минимум, како и можност за вработување кај надворешни партнерски компании.“ – велат од рудникот, од каде додаваат дека не се планира продажба на истиот.
– „Овој процес е дел од е дел од нашата стратегија за зајакнување на работењето, модернизација и одржливост. Централ Азија Металс (CAML) и понатаму ја смета САСА за клучен дел од своето глобално портфолио и постојано инвестира во нејзиниот раст и во одржливи рударски практики. Оптимизацијата е чекор кон долгорочна сигурност и стабилност на САСА.“ – додаваат оттаму.
Целиот текст за потешкотиите во работењето на најголемите индустриски капацитети во Македонија прочитајте го во продолжение:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рудник „Саса“: Се соочувавме со финансиски загуби…
Рудникот „Саса“ денес одговори на прашањата на…
Минимален К-15 во приватен сектор годинава е…
До крајот на календарската година задолжително ќе…
Вработени во МВР го оштетиле Буџетот за…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…
ХОРОР во пералницата во Клиничкиот центар „Мајка…
Хоророт што со години го живеат вработените…
Вработените на Урологија се откажале од пари…
Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше…