ХОРОР во пералницата во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ – Вработените со месеци не земаат плата
Хоророт што со години го живеат вработените во пералницата при Клинички центар „Мајка Тереза“ Скопје, коишто се грижат сите клиники да добијат чисти чаршафи за болните и хирурзите да добијат облека за операциите – ја достигна својата кулминација. Од вчера тие се во генерален штрајк. Плати не им се исплатени затоа што Владата не го има реализирано договорот за јавно-приватно партнерство за стерилизација на инструменти, во чиј склоп е и пералницата, но повеќе не ги интересира кој е виновен за состојбата во која се наоѓаат. Додека министерот за здравство со премиерот и цел државен врв предизборно отвораат реновирани болнички одделенија, сите овие одделенија во Клиничкиот центар со постелнина ги опслужуваат 11 вработени во урнисаната и срамна пералница, пишува Слободен печат.
Пералницата е упориште на зараза, стари машини за перење, мувла, небезбедни инсталации, вода која протекува.
Работниците за Слободен печат изјавиле дека почнале да штрајкуваат пред пожарот во Кочани, но кога се случи трагедијата од жал и солидарност го прекинале штрајкот. Еден од нив скршил прст обидувајќи се да поправи дотрајан каиш на машината за перење која датира од Втората светска војна. Друг работник кажа дека трипати преживеал струен удар поради небезбедните инсталации.
Целиот текст прочитајте го на следниот ЛИНК
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вонредна дератизација на повеќе локации во Центар…
По зголемена појава на глодачи на неколку…
Бесплатни униформи ќе добијат сите основци во…
И оваа учебна година Општина Центар продолжува…
(Видео) Вработени во ЕВН со хебла кршат…
До редакцијата на Инфомакс пристигна видео од…
Македонија има повеќе болнички кревети на 100…
Во Европската Унија во 2024 година имало…
Само плата веќе не привлекува вработени –…
Во Словенија, некои работодавци сега се враќаат…