Ружин: СДСМ останува голема партија, таа е единствена што може сериозно да се соочи со ВМРО ДПМНЕ
„СДСМ и натаму останува голема партија, таа пред сè добро е мрежно организиранa низ целата држава, единствено таа може да направи нешто во смисла – да се соочи сериозно со ВМРО ДПМНЕ, но секако дека ѝ е потребно обновување и поголема близина со народот“, изјави за „Фронтлајн“, Нано Ружин – универзитетски професор и поранешен амбасадор во НАТО.
– Векот на политичарите во Македонија не е долг и тоа е разбирливо. Секое демократско општество отстапува место за нови сили, нови луѓе, всушност, нови играчи. Битно е, ако го гледаме низ теоријата на играта, да бидете во првиот тим, да сте во тие „единаесетмина“ кои што ќе ја предводат опозицијата, сега се расчистува простор за нови лица, и тие кои досега не добиле шанси. СДСМ и натаму останува голема партија таа пред сè добро е мрежно организиранa низ целата држава – единствено таа може да направи нешто во смисла – да се соочи сериозно со ВМРО ДПМНЕ, но секако дека и е потребно обновување, поголема близина со народот, вели Ружин.
Кога СДСМ ќе се освежи, додава Ружин, може да очекуваме една здрава политичка структура која со аргументи ќе се бори против власта на ВМРО ДПМНЕ.
– За тоа ќе има и голем простор, зашто многу прашања, за кои ВМРО ДПМНЕ даваше големи популистички ветувања сега ќе дојдат до израз. Сега ќе треба да се плати тоа што се ветуваше. Да се оствари тоа што беа големи ветување, а понекогаш ирационални, подвлече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО по допрен глас да отвори…
„ВМРО-ДПМНЕ го повикува Јавното обвинителство по допрен…
ВМРО-ДПМНЕ: Абази го затвори предметот за модуларните…
Пет години по оформувањето на предметот, ОЈО…
Филипче: СДСМ нема да биде алиби за…
СДСМ нема да биде алиби на власта…
ВМРО-ДПМНЕ: Економските резултати се мерат со бројки,…
Економските резултати се мерат со бројки, а…
Мицкоски: Во секое време сме подготвени да…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во вечерашното…